Информација на кандидати за вработување во врска со обработувањето на личните податоци

КПМГ е посветено на заштита на доверливоста и приватноста на информациите што ни се доверени. Ние се придржуваме до Законот за заштита на личните податоци. Ве молиме прочитајте ја оваа Информација во врска со обработувањето на личните податоци со цел да дознаете кои информации за кандидатите за вработување („кандидати за вработување“, „кандидати“ или „Вие“) ги собираме, како ги користиме, пренесуваме и заштитуваме, правата поврзани со приватноста на Вашите податоци и други корисни информации.

1. Кои сме ние?

Оваа Изјава за приватност се однесува на КПМГ ДООЕЛ Скопје, ЕМБС 5402280 и КПМГ Ревизија ДОО Скопје, ЕМБС 5078598, двете друштва со седиште и регистрирана адреса на Филип Втори Македонски, Центар Соравиа, 7-ми кат, Скопје - Центар, Северна Македонија (во понатамошниот текст „КПМГ“ или „ние“). Двете друштва не дејствуваат како заеднички контролори, туку користат ист начин на обработка и заштита на личните податоци што им се доверени и ги применуваат истите политики и процедури за обработка на личните податоци.

2. Кои категории на лични податоци ги собираме?

Во однос на Вашата апликација за вработување кај нас, можеме да ги собираме и обработуваме следните категории на лични податоци:

—   Информации за идентификација (како што се име, државјанство, датум и место на раѓање);

—   Контакт податоци (како што се е-пошта, поштенска адреса, телефонски број);

—   Информации за Вашето образование, стручна подготовка и работно искуство (како што се име на образовна институција, периоди на студирање, период на стипендии, дипломи за завршени студии и сертификати, стручни квалификации и други лиценци поврзани со работата, учество на обуки и курсеви, познавање странски јазик, стручна позадина, вклучувајќи препораки од сегашни и претходни работодавци или колеги што може да ги презентирате);

—   Податоци собрани за време на интервјуата (како што се податоците забележани од страна на лицето кое го спроведува интервјуто, резултати од тестирањето, резултати од прашалници за проценка на личноста со фокус на однесувањето на кандидатот, способности, особини на личноста и вештини спроведени како дел од процесот на вработување);

—   Информации за Вашето тековно ниво на плата, вклучувајќи ги и правата за надоместоци;

—   Други информации вклучени во Вашата апликација за кои сметате дека се релевантни и доброволно сте ги обезбедиле во Вашето резиме (CV), мотивационо писмо и/или за време на интервјуата (на пр., преференции за вработување, подготвеност за преместување на друго работно место, моментална плата, посакувана плата, награди или членства во организации).

—   Доколку сте избран кандидат за вработување, ќе побараме дополнителни лични податоци во согласност со важечкиот закон за целите на исполнувањето на договорот за вработување.

Посебни категории на лични податоци

Во почетните фази на процесот на вработување, нема  да собираме посебни категории на лични податоци од Вас (познати  како „чувствителни лични податоци“). Посебните категории на лични податоци вклучуваат информации што откриваат расно или етничко потекло, политички ставови, религиозни или филозофски убедувања, членство во синдикални организации, генетски податоци, биометриски податоци преку кои се овозможува или потврдува единствената идентификација на физичкото лице, податоци што се однесуваат на здравјето, податоци за сексуалниот живот или сексуалната ориентација на физичкото лице.

Во подоцнежна фаза од процесот на вработување можеби ќе се појави потреба од собирање на посебни категории на Ваши лични податоци , доколку локалниот закон за работни односи тоа го бара од нас,  за што ќе бидете навремено известени..

Ве молиме не вклучувајте посебни категории на лични податоци во Вашата апликација за вработување и пропратните документи.

3. Како собираме лични податоци за целите на вработување?

—   Директно: Можеме да добиеме лични податоци директно од Вас по поднесување на вашето резиме (CV) и придружните документи (како што се дипломи, сертификати, мотивациони писма, препораки од работодавци и колеги .

—   Индиректно: Можеме да добиеме лични податоци за Вас индиректно, користејќи ги следните извори на информации:

-         Професионални мрежни страници – Можеме да истражуваме на професионални мрежни страници (како на пример LinkedIn) каде што сте креирале профил со цел да собереме информации за Вас кои ќе бидат релевантни за целите на вработување. Овие информации може да го содржат Вашето име и работно место, како и детали за вработување и образование, а во зависност од Вашите поставки за приватност, и дополнителни детали за Вас. Можеби ќе сакате да ги прегледате контролите за приватност на применливата услуга за да одредите колку информации сакате да споделите со нас. Ние нема да вршиме увид во какви било Ваши лични активности на социјалните мрежи.

-         Агенции за привремени вработувања  - Можеме да ги добиеме Вашите лични податоци од страна на агенции за привремени вработувања, доколку ги ангажираме со цел посредување при процесот на вработување или доколку Вие барате работа преку таква агенција.

-         Работодавци и колеги - Можеме да ги добиеме Вашите лични податоци од препораките од Вашите сегашни и поранешни работодавци или колеги доколку ни дадете такви препораки или доколку ни дадете согласност да контактираме такви трети лица.

-         Вработени во КПМГ  - Може да добиеме информации за Вас од нашите вработени доколку Ве препорачаат како соодветен кандидат за вработување во друштвото.

-         Истражување во нашата сопствена база на податоци за кандидати за вработување – Може да вршиме преглед на податоците евидентирани во нашата сопствена база на податоци за кандидати за вработување со цел да спроведеме опширно истражување за соодветен кандидат за односната кампања за вработување, доколку сте дале согласност за чување на Вашите податоци за идните слободни работни места или дополнителни можности за работа.

 

4. Зошто ни се потребни Вашите лични податоци?

КПМГ може да ги користи Вашите лични податоци за која било или сите од следните цели:

—   За спроведување на прелиминарен избор на кандидати чие образование и работно искуство одговараат на условите за работното месето за која се пријавуваат;

—   Да Ве контактираме за да побараме дополнителни информации или да закажеме интервју;

—   Договарање и спроведување интервју за целите на проценка дали ги исполнувате критериумите што се бараат за работното место, односно проценка дали Вашите вештини, мотивација, образование и искуство ги задоволуваат барањата на соодветната работна позиција, како и подготовка на интерна документација во текот на процесот на вработување;

—   Испраќање на понуда за вработување доколку сметаме дека сте соодветен кандидат;

—   Чување на Вашите лични податоци во нашата сопствена база на податоци за кандидати за работа вработување за идни слободни работни места или дополнителни можности за работа доколку сте дале согласност за тоа;

—   Усогласеност со законските и регулаторните обврски.

5. Кои се причините и законскиот основ за обработка на лични податоци?

Обработката на Вашите лични податоци, кога ги собираме и користиме за целите на вработување, ја вршиме  врз следните законски основи:

—   Легитимни интереси - Легитимните интереси ги засноваме  на нашата оценка дека обработката е правична, законита и транспарентна во следните случаи:

-         Спроведување на постапка за вработување за сопствени цели – Се засноваме на легитимен интерес како законски основ за обработка на Вашите лични податоци кога спроведуваме постапка за вработување за сопствени цели и кога Вие се пријавувате за конкретно работно место. Во овој случај, нашиот легитимен интерес е да најдеме нови вработени кои ги исполнуваат бараните услови за да се приклучат на нашиот тим, како и да Ви обезбедиме работно место доколку одговарате на барањата за истото.

-         Заштита на нашите легитимни права и интереси во случај на постапки пред судови и државни органи – Ние се засноваме на легитимен интерес како законски основ за обработка на Вашите лични податоци во случај на постапки поведени против нас, на пр. во случај на постапка пред Комисијата за спречување и заштита од дискриминација или Агенцијата за заштита на личните податоци.

—   Согласност – Се засноваме на Вашата согласност во следните случаи:

-         Доставување на Вашето резиме (CV) на нашата е-пошта – Се засноваме на Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци кога го испраќате Вашето резиме (CV) директно на нашата е-пошта, со цел да се придружите на нашиот тим без да се пријавите на оглас за одредено слободно работно место.

-         Чување на Вашите податоци за идни слободни работни места или понатамошни можности за работа – Се засноваме на Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци кога Вашата пријава за конкретно отворено работно место не е успешна, но се согласувате да ги чуваме Вашите податоци во нашата база на податоци за идни слободни работни места и понатамошни можности за работа.

КПМГ вообичаено не спроведува автоматизирано донесување одлуки, вклучително и профилирање на личните податоци во текот на процесот на вработување за сопствени цели. Доколку се спроведе такво нешто, КПМГ се обврзува да обезбеди значајни информации за вклучената логика, како и за значењето и предвидените последици од таквата обработка.

6. Дали сте обврзани да ни ги дадете Вашите лични податоци?

Давањето лични информации за нас е доброволно, но неопходно за процесот на вработување. Вие немате законска или договорна обврска да ги дадете Вашите лични податоци на КПМГ за време на процесот на вработување, но, доколку не ни обезбедите доволно информации, можеби нема да можеме да ја разгледаме или обработиме Вашата пријава за вработување.

7. Дали пренесуваме лични податоци на трети лица?

Можеме да пренесеме лични податоци на доверливи трети лица за да ни помогнат да ги извршуваме нашите деловни активности, со цел да испорачаме ефикасни и квалитетни услуги. Овие трети лица се договорно обврзани да ги заштитат податоците што им ги доверуваме. Локалните барања за известување и одобрување за пренос на податоци ќе се почитуваат. Може да ги ангажираме некои или сите од следните категории на трети лица:

—   Правни лица - членки на КПМГ, каде што е потребно, за административни цели или нормален преглед на квалитетот на работата;

—   Страни кои ја подржуваат нашата администрација, инфраструктура или услуги (на пр. даватели на телекомуникациски услуги, поштенски или транспортни услуги, услуги за складирање и архивирање, услуги за одржување и корисничка поддршка или отстранување на податоци, софтверски услуги базирани на cloud);

—   Нашите деловни соработници, вклучително и локалните адвокатски друштва;

—   Судови, органи на државната власт, државни органи или правни лица за вршење на јавни овластувања, агенции или други тела на кои им се откриваат личните податоци, во согласност со важечкиот закон или регулатива; и

—   Привремени агенции за вработување.

8. Дали ги пренесуваме Вашите лични податоци надвор од Европската економска област?

Ние ги чуваме личните податоци на сервери лоцирани во Европскиот економски простор (ЕЕП). Личните податоци може да ги пренесеме на KPMG International Limited, приватно друштво ограничено со гаранција со седиште во Англија, правни лица - членки на KPMG и реномирани организации од трета страна со седиште во или надвор од ЕЕП, кога имаме деловна причина да ги ангажираме овие организации. Од секоја организација се бара да ги заштити личните податоци поради тоа што или земјата во која се наоѓа организацијата се смета за земја која обезбедува соодветно ниво на заштита на личните податоци врз основа на Одлуката на Агенцијата за заштита на личните податоци, или организацијата е договорно обврзана со договори кои содржат стандардни клаузули за заштита на личните податоци кои се одобрени од страна на Агенцијата за заштита на личните податоци.

По Ваше барање, ќе обезбедиме дополнителни информации за стандардните клаузули за заштита на податоците кои ги користиме (ако е применливо).

9. Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци?

Сите документи доставени од Ваша страна и собрани во текот на процесот на вработување кои ги содржат Вашите лични податоци, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на резиме (CV), сертификати, мотивациони писма, резултати од испитувањето итн., ќе бидат обработувани во текот на кампањата за вработување но не повеќе од 120 дена (сто и дваесет) од истекот на рокот за понесување на апликации. Во случај Вашата апликација да биде неуспешна, истата ќе биде вратена или избришана во рок од 5 (пет) работни дена од склучување на договорот за вработување со избраниот кандидат, освен ако не сте дале согласност за чување на Вашите податоци за подолг период за идни слободни работни места или понатамошни можности за работа. Доколку ни доставите оригинали или заверени копии од документите за време на процесот на вработување, тие ќе Ви бидат вратени во погоре наведениот рок.

Интерните документи изготвени од КПМГ во текот на  процесот на вработување што може да ги содржат Вашите лични податоци ќе се чуваат во период од 3 (три) години по завршувањето на процесот за целите на воспоставување, остварување или одбрана на правни барања и решавање спорови според македонското законодавство.

По Ваша исклучива согласност, КПМГ ќе ја задржи и користи Вашата пријава за вработување, заедно со придружните документи кои содржат лични податоци во текот на понатамошните процеси на вработување во период од 3 (три) години по поднесувањето на Вашата пријава.

Понекогаш КПМГ добива лични податоци од кандидати кои се заинтересирани да работат во КПМГ без да поднесат пријава за одредено работно место, на пример со испраќање на резиме (CV) на официјалната е-пошта на КПМГ или во текот на учеството на КПМГ на различни настани (на пр. организирани денови за кариера од универзитети и друго) со цел да се промовираат активностите на друштвото и да се вработат потенцијални кадри. Во овие случаи, личните податоци се обработуваат врз основа на согласност дадена од барателот на работа во период од 3 (три) години по поднесувањето на барањето.

10. Кои се Вашите права за заштита на податоците и како можете да ги остварите?

Вашите права за заштита на податоците се следните:

—   Информации и Пристап до лични податоци – Можете да побарате од нас да потврдиме дали обработуваме Ваши лични податоци, и доколку е така, да обезбедиме дополнителни информации. Ова се нарекува „Барање за пристап од страна на субјект”.

—   Исправка – Можете да побарате од нас да ги исправиме нашите записи ако мислите дека содржат неточни или нецелосни Ваши лични податоци.

—   Бришење  – Можете да побарате од нас да ги избришеме Вашите лични податоци, доколку личните податоци повеќе не се потребни за целите за кои биле собрани,  ја повлечете согласноста за обработката, поднесете приговор на обработката и друго.

—   Ограничувања на обработката – Можете да побарате од нас привремено да ја ограничиме нашата обработка на Вашите лични податоци ако ја оспорувате точноста на Вашите лични податоци, сакате да ја ограничите нивната употреба наместо да барате да ги избришеме, или потребно е да ги зачуваме за да Вие воспоставите, остварите или браните законско побарување. Може да се примени привремено ограничување за период кој ќе ни овозможи да потврдиме дали имаме преовладувачки легитимен интерес да ги обработиме. Можете да побарате од нас да Ве информираме пред да го укинеме привременото ограничување на обработка.

—   Преносливост на податоци – Во некои околности, кога сте ни дале лични податоци, можете да побарате од нас да ги пренесеме тие лични податоци (во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат) директно на друго правно лице доколку е технички возможно.

—   Приговор на обработка – Можете да приговарате на нашето користење на Вашите лични податоци доколку немаме право повеќе да ги користиме. Во овие случаи, ние повеќе нема да ги обработуваме Вашите лични податоци освен ако не покажеме релевантни легитимни интереси за обработка кои преовладуваат над интересите, правата и слободите на субјектот на личните податоци, или за воспоставување, остварување или одбрана на неговите правни барања.

—   Право на повлекување на согласноста – Имате право да ја повлечете Вашата согласност што претходно сте ја дале за една или повеќе наведени цели за обработка на Вашите лични податоци. Повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на која било извршена обработка, заснована на Ваша согласност пред нејзиното повлекување. Можете да ја повлечете Вашата согласност во секое време доколку не контактирате на Филип Втори Македонски, Центар Соравија, 7-ми кат, Скопје - Центар, Северна Македонија или на mk-dldataprivacy@kpmg.com.

Можеби ќе има потреба да побараме конкретни информации од Вас за да ни помогнете да го потврдиме Вашиот идентитет и да го обезбедиме Вашето право да пристапите до информациите или да остварите некое од другите Ваши права. Ова ни помага да се осигуриме дека личните податоци нема да бидат откриени на ниту едно лице кое нема право да му се пренесат. Не е потребна такса за поднесување на барање освен ако Вашето барање е јасно неосновано или прекумерно. Во зависност од околностите, можеби нема да можеме да го исполниме Вашето барање врз основа на други законски основи.

Во случај да сакате да остварите некое од правата опишани погоре, можете да го искористите нашиот образец за да не контактирате на ул. Филип Втори Македонски бр.3, Центар Соравија, 7-ми кат, Скопје - Центар, Северна Македонија или на mk-dldataprivacy@kpmg.com.   

Приговор и барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци

Ако не сте задоволни со одговорот што го добивате или ако имате каква било загриженост во врска со обработката на Вашите лични податоци од наша страна, може да го проследите Вашиот приговор до Одговорното лице за заштита на личните податоци со испраќање на е-пошта на mk-privacyliaison@kpmg.com или да не контактирате на ул. Филип Втори Македонски бр.3, Центар Соравија, 7-ми кат, Скопје - Центар, Северна Македонија. Ние ќе потврдиме прием на Вашиот приговор во рок од 14 (четиринаесет) дена, и ќе донесеме одлука во рок од 3 (три) месеци од приемот. Доколку Вашиот случај е сложен или имаме голем број на приговори, ќе Ве известиме дека ќе биде потребен период подолг од 1 (еден) месец за да одлучиме по приговорот, односно дека ќе донесеме одлука во рок од 3 (три) месеци од приемот на приговорот.

Ако мислите дека КПМГ не ги почитува Вашите права за заштита на податоците, имате право да поднесете барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија и да пријавите неправилности кои сметате дека постојат во врска со нашата пракса за обработка на лични податоци на:

Поштенска адреса:    Бул. Гоце Делчев бр. 18, 1000 Скопје, Северна Македонија

Тел. број:                   +389 (2) 32-30-635

Е-пошта:                     info@privacy.mk

Веб адреса:                http://www.dzlp.mk/

11. Безбедноста на личните податоци

Воведовме соодветни технички и организациски безбедносни мерки за заштита на личните податоци (вклучувајќи чувствителни лични податоци) од губење, злоупотреба, промена или уништување. Наша цел е да обезбедиме ограничен пристап до Вашите лични податоци, само на оние кои е потребно да пристапат до нив. Оние лица кои имаат пристап до податоците, се обврзани да ја чуваат доверливоста на таквите информации. Можеме да примениме техники за псевдонимизација, деидентификација и анонимизација за понатамошна заштита на личните податоци.

12. Дали ја менуваме оваа Информација на кандидати за вработување во врска со обработувањето на личните податоци?

Оваа Информација на кандидати за вработување во врска со обработувањето на личните податоци ја прегледуваме редовно и било какви нејзини измени или дополнувања ќе бидат објавени на оваа веб-страница. Во случај на измени/дополнувања на оваа Информација на кандидати за вработување во врска со обработувањето на личните податоци датумот назначен на почетокот на оваа страница ќе биде ажуриран.

Сите промени во обработката на личните податоци, како што е опишано во оваа Информација што се однесуваат на Вас, ќе Ви бидат соопштени преку соодветен канал за комуникација, во зависност од тоа како вообичаено комуницираме со Вас.